 |
|
 |
| |
| Добродојдовте на МакеДокс! |
| |
Документарен сон на јаве,
Пред повеќе од 35 години го расипав Contaflex-от на роднината ми. Зошто? Сакав да разберам како гледа „окото“ што ме фасцинираше. Го поправив и оттогаш гледам со едно око.
Втората фасцинација ја доживеав пред 30-ина години во домот на моето најомилено куче од детството, кучето Калвик. Во собата каде што спиеше Калвик, Виктор чуваше најразлични видови 8мм и 16мм камери. Продолжив да гледам на едно око, но фотографиите почнаа да се движат. Кадри на минувачи, инсекти, дрва, животни, патувачи... Неповрзани слики од стварноста беа документ за еден миг и за еден простор.
Потоа следуваше периодот со киноаматерите, период на истражување, период во кој љубовта прерасна во пасија кон документирањето на стварноста.
Следниот 15-годишен период на професионален ангажман го провоцираше окото да Ѝ се врати на првата љубов – креативната документаристика.
Во последниве 10-ина години сонувам документарен филм, работам на документарни филмови и се радувам на секој нов призвод.
Се радувам на првото издание на МакеДокс, се радувам на патувачкото кино, се радувам дека документарниот филм ќе допре до секој македонски дом, се радувам дека документарниот сон се претвора во јаве.
Бранд Ферро,
продуцент |
| |
Постојат мали нешта коишто можеш да ги споделиш со луѓето.
МакеДокс
МакеДокс е инспириран и финансиран од луѓе коишто го сакаат документарниот филм. Инспириран и финансиран со голема желба да се направи фестивал што би сакала и јас да го посетам.
Петра Селишкар,
селектор
Упатство за употреба:
Симболите под секој филм ќе ви помогнат да донесете вистинска одлука кој филм е примерен за вас. |
| |
Драги пријатели,
Пред нас е првото издание на МакеДокс фестивалот за креативен документарен филм. Со бројки: 62 филмови, 5 програми, 5 работилници, 5 автори, 1 концерт 9 во официјална селекција во Куршумли-ан 10 филмови на автори-дебитанти 7 во ретроспектива на македонски документарни кратки форми во Куршумли-ан 32 кратки за млади во Кинотеката на Македонија 5 музички во Младински културен центар 1 награда 1 концерт 1 патувачко кино и 11 општини
Со равенство:
(1+2 финансиери) x 16n мозочна и мускулна маса__________________________= МАКЕДОКС (N+Y пријатели и љубители на документаристиката) x Pn идеи, енергија и ентузијазам
Со зборови:
Дипломирав социјална работа... работам на филм.... имам потреба да разменам креативна енергија... имам мотив да влијаам врз опкружувањето... имам цел да споделам со вас документарни креации... филмови коишто ангажираат, поттикнуваат, богатат...
Да ја прикажат својата реалност, идеја, порака, мисла, внатрешен крик... да ја раслојат а да не ја променат, да ја откорнат сосе корените и храбро да ù проникнат во сржта не грижејќи се за земјата и калта.... без желба да ја измијат и средат за да стане поубава... на начин којшто е само за нив својствен, силен, авторски.... да те замислат, заинтригираат, наежат... можеби и не сакајќи да те променат. Такви документарни филмови се во нашиот фокус.
Повелете на МакеДокс!
Киријана Алушевска Николоска
Директор на фестивалот |
| |
|